Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Trgovec-poedinec (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.

Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.

Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.

Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.

 

ПРАВНА ПОЛОЖБА НА ТРГОВЕЦОТ – ПОЕДИНЕЦ

Во нашето право, покрај трговските-друштва, субјекти на трговското право можат да бидат и поединците - физички лица. Оттаму, потребата Законот за трговските друштва да ја уреди правната положба на поединците - физички лица, кои самостојно трајно вршат трговски дејности, без притоа да основаат т.е. создаваат трговски друштва, туку своите трговски активности ги организираат во посебно претпријатие. Суштествено за правната положба на поединецот - физичко лице како трговец е тоа што претпријатието што го создава не стекнува својство на правно лице. Tаквиот поединец- физичко лице, кој врши некоја од дејностите наведени во членот 1 од Законот за трговските друштва, се означува на традиционален начин како трговец- поединец. Трговецот- поединец ги поседува генусните својства на трговецот. Имено, и за трговецот- поединец е суштествено што самостојно и трајно врши трговска дејнoст со цел да стекне добивка, притоа може да врши една или повеќе трговски дејности. Суштествено е тоа што трговецот- поединец трговската дејност односно трговските дејности ги врши како редовно занимање (професија), што значи дека со трговската дејност се занимава со цел да стекне добивка (профит).

Положбата на трговецот- поединец во Законот за трговските друштва е посебно регулирана во оддел втори од глава прва на дел први- општи одредби. На трговецот- поединец му се посветени одредбите од член 8 до 15, но на трговецот- поединец се однесуваат, на соодветен начин, и многу одредби што се однесуваат на трговските друштва. Такви се особено одредбите што се однесуваат на:

-дејноста;

-фирмата;

-седиштето;

-подружницата;

-прокурата, а под определени услови, и одредбите за деловните книги и уписот во трговскиот регистар.

Положбата на трговецот - поединец не треба да се идентификува со положбата на основачот/содружникот на друштвото основано од едно лице, било во форма на акционерско друштво, било во форма на друштво со ограничена одговорност, настанува нов правен субјект што има својство на трговец: трговско друштво. Наспроти трговското друштво стои поединецот - физичкото лице, кој има својство на содружник, но нема својство на трговец. Во овој случај, имаме два одвоени правни субјекта: физичкото лице како содружник и од него основаното друштво како трговец со својство на правно лице. Кога е во прашање трговецот- поединец правната ситуација е поинаква: имаме физичко лице кое од раѓање има својство на правен субјект, а како полнолетно лице стекнало правен субјективитет и кое заради занимање со трговски дејности создало трговско претпријатие коешто не е трговец ниту има својство на правно лице. Понатаму, трговецот- поединец, разбирливо, не може да биде содружник во кое било друштво во коешто за обврските на друштвото одговара содружникот лично и неограничено со целиот свој имот бидејќи со тоа се доведува во прашање правната сигурност на доверителите. Нема, меѓутоа никакви пречки трговецот- поединец да биде содружник- (акционер) во капиталските друштва (акционерското друштво и друштвото со ограничена одговорност) бидејќи содружниците во овие друштва не одговараат за обврските на друштвото. На крај трговецст - поединец може да склучува договори за создавање тајно друштво, врз основа на кои други лица ќе вложуваат средства во неговoто претпријатие.

...

 

--------------------OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.---------------------

    www.maturskiradovi.net

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:

maturskiradovi.net@gmail.com

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!